Кандидатот за градоначалник на Кавадарци Јанчев се сретна со ваташани
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев вечерва се сретна со жители на кавадаречкото село Ваташа, во рамките на кампањата за локалните избори. Истакна дека секојдневно ќе комуницира со жителите на општината за да се запознае со нивните проблеми, а тие да ги слушнат неговите визии за подобро утре. Презентираше неколку проекти од општинско значење.
– Трајно решение за градскиот зелен пазар со катни гаражи за паркирање, затворен базен со скејт парк, трим патека, нова економска зона од триесет хектари за средни и микро претпријатија кои ќе добијат земјиште по цена од едно евро за квадрат и комунална инфраструктура за да ја зголемат вработеноста, проект “Мој општинар”, најави меѓу другото Јанчев.
Пред присутните се обратија и претседателката на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и носител на советничката листа Горица Пеливанова Вилхелм, како и кандидатот за советник од оваа партија Зоран Јованчев.
Ново на Сител
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот

