Кандидатот Милошевски претстави дел од програмата за заштитата на културно-историското богатство на Охрид и негова туристичка промоција

Митре Милошевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид денеска пред медиумите зборуваше за проектите што се дел од неговата предизборна кампања, а се однесуваат на културно-историското наследство на градот и негова промоција во областа на туризмот.
– Заштитата и промоцијата на културните особености и цивилизациските вредности кои оставиле трага на просторот на градот Охрид се наша стратегиска заложба. Со програмата „За убав град“ нашата цел е нов концепт за развој и промоција на туристичкиот развој на Охрид преку унапредување на културниот амбиент во градот и збогатување на културната понуда за граѓаните и туристите. Унапредување на културата на припадниците на етничките заедници, рече Милошевски.
Тој се заложи за воведување ред во изгледот на атрактивните места низ градот за да се избегне панаѓурски изглед на Охрид во текот на туристичката сезона.
Притоа тој најави летно кино во градот, обнова на фасадите и илуминација на објекти од староградската архитектура, на верските, културните и историските објекти и знаменитости и оплеменување на јавните површини во нивната околина.
Милошевски најави и обележување на културни историски и археолошки локалитети со легенда, означување на локациите во градот од каде што се напишани староградските песни со кратка легенда и текстот на песната, рекламни билборди со автентични фотографии од стар Охрид како сведоштво за изгледот на градот во минатото.
Ново на Сител
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
