Македонија
19. April 2019 - 16:12

Кандидатите за градоначалник на Охрид подготвени за трката во недела

На последниот ден од изборната кампања пред стапувањето на предизборниот молк кандидатите за градоначалници на општина Охрид  со пораки за развојот и иднината на градот. Тие во  претходните 18 дена охридската и пошироката јавност ја запознаа со нивните  идеи и  планови.Кандидатот за градоначалник од СДСМ Константин Георгиески истакна дека Охрид има огромен потенцијал, но на градот му се потребни вистински луѓе, посветени професионалци кои тимски, заедно, ќе го направат Охрид посакувано место за живеење и светска туристичка дестинација.

Митре Милошевски кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМЕ пак истакна дека младите ќе бидат клучната сила во заедничката цел за пoдобар Охрид и наjави изградба на станови за млади брачни парови и стипендии зa талентираните ученици и студенти. Бесплатни карти за превоз на учениците

Михаил  Трендафилов – Нанче кандидатот за градоначалник од партијата Граѓанско-демократска унија вети дека Охрид ќе стане единственото место во светот каде ќе греат симболите на две големи цивилизации .

Денеска  средби со граѓаните и предизборни активности имаа и кандидатите за градоначалници Стевче Стевоски од Демократи и Џемал Мена од движењето БЕСА кои исто така прзентираа дел од визиите за поубав Охрид. Инаку во трката за градоначалничката фотеља во Охрид се 5 кандидати.