Канческа-Милевска се сретна со турскиот пејач и текстописец Фетах Џан

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска имаше работна средба со познатиот турски пејач и текстописец Фетах Џан, кој годинава е гостин на шестата Школа за млади лидери во Охрид што се одржува под покровителство на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.
- Македонија и Турција имаат одлични односи во областа на културата, кои се одликуваат со реализација на бројни проекти и размена на уметници меѓу двете држави, се вели во соопштението од Министерството за култура.
На средбата, како што се наведува, двајцата соговорници дискутираа и за можностите за остварување на соработка меѓу македонските уметници и овој врвен турски композитор кој во моментов е еден од најангажираните во Република Турција, како и реализација на проекти преку кои ќе се афирмираат македонската и турската музика.
Фетах Џан, кој е популарен пејач и композитор, својот прв музички албум го издал во 2010 година, во соработка со Министерството за култура на Република Турција. Во изминатите години, Џан кој има македонско потекло, остварил соработка со најреномираните музички изведувачи во Република Турција и пошироко, а песните кои ги изведува и ги создава за други уметници мошне високо котираат на музичките листи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
