Канческа-Милевска: Обвинувањата на СЈО се дел од политичка кампања

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска попладнево оцени дека денешната прес-конференција во Специјалното јавно обвинителство е дел од однапред планирано сценарио во функција на политичка кампања со цел да се оцрни работењето на Министерството за култура.
Таа на прес-конференција во Музејот на македонската револуционерна борба, истакна дека не е виновна за обвинувањата што ги презентира СЈО и оти се е работено според закон.
Канческа-Милевска рече дека од СЈО очекувале професионално и објективно работење во функција на вистината, а не, како што наведе, во функција на изборите и за оцрнување на вработените во Министерството за култура.
- Сите изнесени обвинување се неточни и енергично и ги отфрлам во целост. Тврдам дека тезите на Фетаи се „рекла-казала“, со кои СЈО сака да стави дамка на моето работење и на Министерството за култура. Целиот проект е воден согласно законите. Сите проекти и сите постапки се работени според законите. Проектите се чисти како солза. Спроведувани се согласно законите во нашата држава. Секој може да дојде да ги погледне документите и да се увери во нивната законитост, рече Канческа Милевска.
Таа вели дека договорот со градежната фирма се однесува на градежни и градежно-занаетчиски работи, набавка која не се однесува за изградба на Музејот на ВМРО, туку за партерно уредување околу Музејот. Презентира и документи, за кои тврди дека покажуваат оти се било согласно законските прописи.
СЈО претходно денеска на прес-конференција соопшти дека отворило истрага за уште два случаја „Топлик“ и „Тендери“.
Случајот „Тендер“, како што информира обвинителката Фатиме Фетаи, се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје. Првоосомничена, како што соопшти СЈО, е раководно лице во Министерството за култура, а други осомничени се тројца членови на комисија за јавни набавки во ова Министерство. Тие се сомничат дека фаворизирале градежна фирма да добие тендер од околу милион евра.
Ново на Сител
-

Белорусинка пронајдена мртва во хотел во Охрид
-

Две девојки во скокнале од такси во движење во тетовско, возачот не ги однел на бараната локација
-

МНРиНТ: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ
-

Владата со демант за набавка на вода за Гостивар: Договорот преку тендер го доби „Кожувчанка“, СДСМ ја манипулира јавноста
-

Министерството за енергетика: Домашниот електроенергетски систем е стабилен и подготвен
-

Роверот „Кјуриосити“ на НАСА откри полигонални пукнатини на Марс
-

Меколи Калкин се сретнал со „Дизни“ за „Сам дома 7“
-

Актерот Бен Афлек освои милион долари во квизот „Кој сака да биде милионер“ - ги донираше на локалните заедници во Конго
