Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет на денот на изборите ќе биде отворена за граѓаните
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, утре во текот на целиот ден ќе биде отворена, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на Претседателските избори, соопштија од Хелсиншкиот комитет.
-Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје. Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и преку телефонски број 02-3119-073. Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право, се наведува во соопштението на Хелсиншкиот комитет.
Граѓаните ќе можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно.
-Сите пријави ќе бидат дополнително истражени со цел да се верификува нивната веродостојност, а тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од страна на граѓаните што ја пријавиле повредата, појаснуваат од Комитетот.
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин