Канадскиот премиер се допишува со македонски ученици за климатските промени
Канадскиот премиер Џастин Трудо им пиша писмо на група македонски основци од меѓународното училиште „Нова“ во Скопје. Учениците имале дилеми околу едно од најголемите пронаоѓалишта на нафта во светот во провинцијата Алберта кое е меѓу најголемите светски извори на нафтени шкрилци.
Спроведувајќи го своето истражување, за и против експлоатацијата на овие нафтени резерви, тие одлучиле да му испратат писмо и на канадскиот премиер, наведува во соопштение училиштето „Нова“.
– Како професор и премиер на Канада сакам да го слушнам гласот на младината од целиот свет. Го почитувам вашиот став на темата и како и вас така и нашата влада разбира дека заштитата на околината и економскиот раст одат заедно. Поради тоа, најавивме иницијативи како што е данокот за јаглероден диоксид со зацртани насоки што ќе ни помогне да ги достигнеме нашите цели за емисија на зелени гасови. Дополнително, дел сме од повелбата Г7 со која се внимава да се задржи пластиката во економијата и надвор од водите. Младината како вас не само што е лидер на иднината туку и е лидер и на денешнината. Се надевам дека ќе продолжите да работите напорно во училиште и да ги инспирирате другите да креираат промени, се вели во писмото на премиерот Џастин Трудо.
Професорот Роберт ван дер Ајкер кој го води одделението во „Нова“ вели дека учениците му поставиле директни пршања околу заштитата на животната средина на која канадскиот премиер одговорил притоа напоменувајќи дека и тој има работено како учител.
– Во „Нова“ го мотивираме критичкото размислување и поставувањето прашања. Навистина беше чест и задоволство што премиерот Трудо ни даде објаснување на тоа која е стратегијата и планот на Канада да го намали негативното влијание од нафтата и катранскиот песок, велат од меѓународното училиште „Нова“.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот