Канадскиот премиер сака зацврстување на партнерството со Трамп
Канадскиот премиер Џастин Трудо упати поздрави до новиот американски претседател Доналд Трамп и изрази желба Канада и САД да го зацврстат партнерството во областа на безбедноста и добрата соработка меѓу двете земји.
- Канада и САД имаат изградено една од најтесните врски во светот. Тоа цврсто партнерство е одлучувачко за нашата заедничка благосостојба и безбедност, напиша Трудо во поздравната честитка до Трамп.
Тој нагласи дека „економиите на двете земји се силно интегрирани благодарение на здрави врски во трговијата и инвестициите“, додавајќи дека три четвртини од извозот на Канада заминува во САД.
Канада е подготвена да го предоговори северноамериканскиот договор за слободна трговија меѓу двете земји и Мексико, за што настојува Трамп.
Трудо истакна дека со нетрпение очекува да работи со Трамп и американската администрација, како и со државните и локалните власти, „за овозможување благосостојба на средната класа од двете страни на границата и создавање на побезбеден и помирен свет“.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР