Несреќата ја предизвикал џип кој свртел во лево пред колоната возила на Труди, при што тој не е повреден.

Како што се наведува, несреќата се случила во петокот вечерта и во болница се одведени жената која го возела џипот „тојота Хајлендер“ и нејзиниот син како и припадникот на Сообраќајната полиција на Калифорнија кој го возел моторот во придружба на премиерот на Канада.
Сопругот на жената која ја предизвика несреќата рече дека таа видела еден мотор како поминува „но не била свесна дека зад него одат и други“.

Американската телевизија наведува дека колоната на Трудо пото го продолжила патувањето, откако автомобилот во кој бил тој не учествувал во сударот.
Несреќата се случила на неколку коломери од Претседателската библиотека „Роналд Реган“ во која Трудо одржал говор за американско - канадските односи.

