Канадски суд нареди деблокирање на сообраќајниците

Главниот судија на Високиот суд во Онтарио вчера нареди деблокирање на сообраќајот на копнената граница меѓу САД и Канада, што беше запрена од демонстрантите против пандемиските ограничувања.
Судијата Џефри Моравец побара деблокирање на висечкиот мост „Амбасадор“, што го поврзува Онтарио со Детроит ,во САД, и е клучен за автомобилската индустрија, но и за американските болници каде работи голем дел од канадскиот медицински персонал.
Судската одлука стапи на сила синоќа во 19 часот по локално време, за да им се даде време на демонстрантите да ја исчистат областа.
Петдневната блокада на мостот „Амбасадор“ ја чинеше канадската автомобилска индустрија стотици милиони долари, соопшти Здружението на производители на автоделови во поднесокот до судот на 10 февруари.
Преку овој мост секој ден минуваат околу 40.000 луѓе и се превезува стока во вредност од 323 милиони долари.
Премиерот на канадската држава Онтарио, Даг Форд, вчера прогласи вонредна состојба поради двонеделните протести против епидемиолошките ограничувања.
Ново на Сител
-

Еден-два победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1
-

Жените во ЕУ земаат просечно 24,5% пониски пензии од мажите, во Македонија за 18,2%
-

„Права. Правда. Акција. За СИТЕ жени и девојки“ - кога правдата ќе потфрли, жените ја плаќаат цената
-

Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови
-

Променливо облачно, температури до 16 степени
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
