Канадски монструм: Убивал проститутки, ги касапел и ги ранел со нив свињите
Роберт Пиктон од Канада кој поседувал голема фарма со свињи, осуден е 2007 година за убиство на 6 жени кои биле зависнички и проститутки.
Пиктон кој сега е на доживотна робија, ги собирал девојките кои ги мамел со дрога. Потоа ги носел во својата куќа каде ги силувал и убивал. Но тоа не било крај. Овој сериски убиец ги касапел телата на жртвите и со нив ги хранел свињите.
Од озлогласениот кварт Лоу трек, каде се собирале проститутките исчезнале вкупно 60 жени, а по истрагата Пиктон е обвинет на убиство на 27 од нив, но осуден само за 6 убиства. Девет години подоцна во затворот напиша мемоари кои ги објави онлајн на Амазон. Во мемоарите ги опиша гнасните убиства, поради што јавноста и семејствата на жртвите веднаш реагираа и книгата веднаш е повлечена.
Пиктон во затворот му призна на еден затвореник, кој всушност бил маскиран полицаец дека вкупно убил 49 жени и дека сакал да убие уште една за да ги заокружи на 50.
Овој исказ е снимен со скриена камера и искористен против Пиктон на суд. Иако соседите во полиција пријавувале дека нешто чудно се случува на фармата и дека Пиктон во фрижидерот чува остатоци од жртвите, дури во 2002 година, полицијата првпат го приведе овој убиец и во неговата куќа пронајде лични работи на многу жени како и 33 различни ДНК примероци.
Со оглед на тоа дека доказите се уништени, бидејќи со нив ги хранел свижите, Пиктон на крајот е осуден само за 6 убиства.
Ново на Сител
-
Зошто тешко се гасат пожарите во новите згради? Критериумите за противпожарна заштита се застарени
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник на МВР
-
„ДИГИТМАК“: Нов центар за поддршка на дигиталната подготвеност на бизнисите
-
Поништен огласот за претседател на судот во Кавадарци, Нанев немал право на трет мандат
-
Tекстилството останува без кадар, со ниски плати и непочитување на работничките права
-
Нова енергетска криза – Македонија нема да остане изолирана
-
Пожар во подрум на десеткатница во Чаир, затруени со чад повеќе од 40 лица
-
Иран го нападна Израел