Канада: Признал дека убил 10 пешаци поради сексуални фрустрации
Канаѓанецот Алек Минесијан, кој уби 10 пешаци во Торонто пред една и пол година со комбе, и рекол на полицијата дека припаѓа на интернет заедницата на сексуално фрустрирани мажи кои планирале напади врз луѓе кои имаат сексуални односи,јавија канадски медиуми.
Тој е обвинет дека со изнајмено комбе удрил во толпа пешаци во Торонто и убил осум жени и двајца мажи на возраст меѓу 22 и 94 години.
Изјавата ја дал во полицијата само неколку часа по нападот, а од вчера е симната забраната за објавување на записниците од испрашувањето.
„Чувствувам дека ја исполнив мојата мисија“, му одговорил Минесијан на инспекторот за тоа како се чувствува за смртта на десет лица.
Тој признал дека никогаш немал девојка и дека го користел возилото како оружје и дека неговата желба е да инспирира други напади.
„Сретнав неколку момчиња на интернет кои се чувствуваат исто“.
Минесијан признал дека припаѓа на движењето „недоброволен целибат“, а за своите фрустрации имал комуникација на форум каде екстремисти искажуваат свои ставови. Тој рекол дека бил во контакт со Елиот Роџер кој објави манифест против жени кои го одбиле, а потоа уби шестмина и повреди 13 во напад со оружје во 2014 година во Универзитетот Калифорнија пред да изврши самоубиство. Минесијан нагласи дека бил „радикализиран“ во време кога Роџер го извршил нападот.
Ново на Сител
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче
-
СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ закана за граѓаните
-
Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
-
Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето, велат од Еуроњуз
-
Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка