Канада: Поради закана за муслимански студенти беше извршена евакуација во Универзитет

Закани по животот на студенти муслимани доведоа до евакуација на речиси 4.000 студенти од Универзитетот „Конкордија“ во Монрела.
Преку електронска пошта до Универзитетот и локалните медиуми, пристигнала закана дека Советот на конзервативни граѓани во Канада ќе фрли неколку рачно изработени експлозиви во Универзитетот во знак на протест против присуството на студенти муслимани.
- Сега откако американскиот претседател Доналд Трамп е на власт јужно од нашата граница, нештата се променија. Повеќе нема да го трпиме вашето однесување, навела групата за односите на студентите муслимани во својот маил.
- Три згради на Универзитетот биле евакуирани и во нив бил извршен претрес од страна на силите на редот, но не се откриени експлозивни направи, изјави неименуван претставник на полицијата во Монреал, пренесува БТА.
Ректорот Алан Шепард изрази жалење за инцидентот во Универзитетот, каде се примаат студенти од 150 земји.
- Остро ги осудуваме овие напади врз Универзитетот, што е модел на соживот, изјави Елен Давод министерката за образование на провинцијата Квебек.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
