-->
-->
Канада најави царини за одредени американски производи
-->

Канада од утре воведува царини на одредени американски производи, како одговор на „неоправданите и неразумните“ царини воведени од американскиот претседател Доналд Трамп на челикот и алуминиумот.
– Царини од 25 отсто ќе бидат воведени за американски увоз во висина од 29,8 милијарди канадски долари, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк.
Тоа посебно се однесува на компјутерите, спортската опрема и производите од леано железо.
Денеска во сила стапи американското зголемување на царините за 25 отсто за канадскиот челик и алуминиум.
Европската комисија најави дека од 1 април ќе применува „пропорционални“ царини за низа американски производи, како одговор на американското зголемување на царините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
