Канада ги прошири санкциите против руски официјални лица

Канадската Влада го прошири списокот со санкции против руски пратеници и државни службеници, кој вклучува уште 15 лица, меѓу кои и шестмина пратеници од Крим, соопшти Министерството за надворешни работи во Отава.
Министерството соопшти дека мерките се неопходни со цел „да се изврши притисок врз Русија, бидејќи таа не ги почитува обврските во однос на Украина“. Освен тоа санкциите се воведуваат и како одговор на изборите од 18 септември за пратеници во Државната дума на Крим, кои Канада ги смета за нелегитимни.
Со санкциите финансиските сметки на овие лица во Канада ќе бидат замрзнати, а ќе им биде забранет и влез на канадска територија.
- Проширувањето на списокот со санкции е непријателски потег, за кој ќе следи соодветна реакција, истакна портпаролот на руската амбасада во Отава, Кирил Калинин.
Ново на Сител
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
