Македонија
31. July 2018 - 16:17

Кампањата за референдумот почнува на 10 септември

Собранието не треба биде кочничар на процесите што треба да следуваат по референдумот за името. Собранискиот спикер Талат Џафери се изјасни  за тоа како ќе постапува парламентот по однос на исходот на граѓанското изјаснување особено имајќи го предвид консултативниот карактер на референдумот и доколку не се исполни цензусот потребен за успешен референдум. 

Одлуката за распишување на референдумот веќе е објавена во Службен весник, иако ратификацијата на Договорот, поради тоа што не е потпшана од Иванов, се уште не објавена во службеното гласило. Џафери највува дека тоа ќе го стори по референдумот.

Кампањата за рефрендумот ќе почне на 10 септември, парламентот од тогаш до 30 септември нема да биде активиен бидејќи пратениците ќе бидат дел од кампањата. Народните избраници пак, на колективен одмор ќе бидат од 1 до 20 август.