Македонија
22. September 2018 - 16:11

Кампањата влегува во финишот- има говор на омраза, но и аргументирана дебата

Митинзи, собири на граѓани, директни судири на „за“ и „бојкотирам“ на Фејсбук и Твитер и неминовно порака на некој светски или европски државник и дипломат за гласањето на 30 септември.

Останаа уште шест дена за јавна пропаганда.

Дали предреферендумската кампања стана модерна или и овој пат, таборите „за“, „против“ и „бојкот“  најмногу се потпираат на класичните методи да ги придобијат граѓаните на својата страна?

Поларизацијата е најприсутна на социјалните мрежи, но Кордалов, чија специјалност се токму новите медиуми,  вели дека овој пат дебатата е поаргументирана, а говорот на омраза и директни навреди иако се присутни, за разлика од изборите, се прилично намалени.

Граѓаните, пак, велат дека најчесто за референдумот и ставовите за него се информираат преку телевизија, а врз нивната одлука често влијае и стариот добар метод – посетата од врата на врата.