Кампања за мирно решавање на работните спорови
Работниците, работодавачите и сите заинтересирани граѓани преку телевизиски, радио спотови и флаери, достапни на интернет и во дневниот печат, ќе се информираат за придобивките од механизмот за мирно решавање на работните спорови, преку користење на лиценцирани помирувачи и арбитри.
Овој механизам е воспоставен во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, финасиран од ЕУ, преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ). Системот за мирно решавање на работните спорови се заснова на Законот за мирно решавање на работните спорови кој влезе во сила во јануари оваа година.
Проектот за унапредување на социјалниот дијалог има три компоненти и неговиот фокус е на унапредување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво, подобрување на институционалните капацитети за колективното договарање и воспоставување на механизмот за мирно решавање на работните спорови.
Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски потсети дека од 2007 година постои Законот за мирно решавање на работните спорови, кој е изменет и дополнет во 2014 година. Според неа, недостасува имплементација на овој Закон.
- Министерството за труд и социјална политика за да одговори на оваа исклучително значајна улога што му е дадена во овој проект, пристапи кон сериозни подготовки. Требаше да се воспостави електронски систем за управување со случаите, кој вклучува и регистар на лиценцирани помирувачи и арбитри кој треба да овозможи прецизно, навремено и поедноставно управување со работните спорови, од нивното иницирање до решавање. Во регистарот во моментов се заведени 16 лиценцирани помирувачи и арбитри, рече Ташевска Ременски.
Таа истакна дека заинтересираните можат да добијат подетални информации и директно во Министерството за труд и социјална политика, кое ги извршува сите стручно-административни работи поврзани со постапката на мирно решавање на работните спорови.
- Како резултат на огромното залагање и одличната работа на сите партнери вклучени во реализацијата на проектот, државата доби нов механизам кој треба да им овозможи на лиценцираните помирувачи и арбитри ефикасно да ја применуваат законски утврдената постапка за мирно решавање на работните спорови, од што полза ќе имаат пред се работниците и работодавачите, но и земјата во целина, изјави директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Антонио Грациози.
Ново на Сител
-
Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени