Македонија
14. November 2016 - 17:11

Кампања: Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил

“Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ е мотото на кампањата што ја спроведува Општина Центар и МВР. Целта на оваа кампања е подигнување на нивото на личната безбедност на граѓаните, одностно на нивниот имот. Од МВР велат дека поради брзото темпо на живот од невнимание се оставаат вредни предмети во автомобилите, и тоа претставува можност за тешка кражба и оштетување на имотот на граѓаните

На територијата на општина Центар од почеток на годинава до сега се случиле 173 кражби, во кои има и приведени лица.

Од МВР велат дека вредни предмети кои најчесто се на удар на крадците се : компјутери, таблети, мобилни телефони, торби, и сите оние предмети кои им привлекуваат внимание на потенцијалните крадци. Од таму појаснуваат дека постојатно се на терен и се присутни меѓу граѓаните но сепак апелираат уште еднаш да не се остава можност некој да стане жртва на кражба.