Кампања „МРДНИ СО ПРСТ“
Со флеш-моб и граѓанска акција викендот во Скопје започна големата кампања за подигнување на јавната свест „Мрдни со прст“, на која повеќе од стотина граѓани учествуваа во паркот со авион во Аеродром и формираа еден од заштитните знаци на кампањата дланка со подигнат палец во форма на „лајк“.
По флеш-мобот, како прва официјална акција во рамките на кампањата, граѓаните заедно со Сојузот на извидници на Македонија и извидничкиот одред „Браќа Миладиновци“ од Скопје спроведоа акција за чистење на сметот од околината на паркот.
Главната цел на кампањата, како што информираат од тимот на „Мрдни со прст“, е да се подигне јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.
Кампањата „Мрдни со прст“ вклучува низа активности во наредните неколку месеци и испраќа порака која ги охрабрува и поттикнува граѓаните да размислат за нивната лична одговорност и интерес во решавањето на општествените прашања кои најмногу ги засегаат.
Во рамките на кампањата ќе бидат организирани многубројни акции во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) низ целата земја.
Од денеска е активна и веб платформата www.mrdnisoprst.
Ново на Сител
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија