Македонија
20. October 2017 - 8:50

Кампања „Јас внимавам“ со ракометарот Стојанче Стоилов

Активности за едуцирање на граѓаните на тема „Се грижам за безбедноста на пешаците во сообраќајот“, како дел од кампањата „Јас внимавам“ ќе се одржат денеска  кај бензинската станица на ОКТА на бул. „Партизански одреди“ во општина Карпош, со учество на ракометарот Стојанче Стоилов и претставници на Министерството за внатрешни работи и на ОКТА.

Кампањата вклучува едукативни сообраќајни полигони кои се донираат во повеќе од 15 основни училишта ширум земјава, изведување театарска претстава на тема „Безбедност во сообраќајот“, како и едукација преку боенки со основните сообраќајни правила.