Камп за лидерството на млади жени во Тетово
150 средношколки од повеќе националности од сите делови на Македонија 7 дена ќе ги учат вештините за лидерство во кампот "Glow-Девојките го водат светот " кој го организира Мировниот корпус на САД во соработка со невладините организации Амбрела од Скопје и ИМКА од Битола.
Кампот денес беше свечено отворен во училиштето Woodrow Wilson во тетовско Брвеница, при што американскиот амбасадор Џес Бејли им посака добредојде на учесниците.
Својата животна приказна ја раскажа тетовската градоначалничка Теута Арифи, за нејзината кариера и животните прекпреки кои морала да ги надмине. На девојките им порача да бидат силни и да создадат подобра реалност.
Оваа година се одбележува 20-годишнината од првиот камп GLOW, којшто сега се одржува во повеќе од 60 земји низ целиот свет.
Данијела Петковска
