Камионџијата што се преврте полесно повреден, нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје
Сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово целосно е нормализиран од 16:00 часот, откако претходно околу 13:00 часот камион се преврте на коловозната лента и го блокираше движењето на останатите возила во близина на клучката Желино.
-По превртувањето на камионот околу 13:00 часот, па се до 14:30 часот сообраќајните полицајци ги пренасочуваа возилата на регионалниот пат Тетово-Скопје Р402. Камионот е отстранет од коловозната лента на автопатот „Мајка Тереза“ во правец кон Тетово околу 14:30 час. Потоа до 16.00 часот е започнато одвивање на сообраќај само на една лента. Во 16:00 часот целосно се отстранети остатоците од камионот и од оштетената инфраструктура, по што сообраќајот е целосно нормализиран на двете ленти од автопатот Е65 Тетово-Скопоје, инфомираат од СВР Тетово.
Возачот кој го управувал камионот-влекач марка МАН, 66 годишниот А.Н жител на тетовско Желино, при превртувањето е полесно повреден, а по укажаната лекарска помош во Тетовската клиничка болница е пуштен на домашно лекување.
Ново на Сител
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар