Камионџија заспа на волан: Возачите се спасуваа кој како знае
Хорор ситуација, од која се плашат сите возачи, се случи на еден од патиштата во Русија. Камионџија, совладан од уморот, заспал на воланот и со тешкото возило, со полна брзина, премина во другата лента. Од спротивната страна доаѓаа автомобили и камиони, кои исто така возеа брзо.
Возачите, откако видоа што им се наближува, со сите сили, како знаеја и умееја, се обидуваа да го избегнат тешкото возило кое се движеше кон нив со полна брзина. Некои успеаја за влакно да се протнат, додека другите мораа да преминуваат во другата лента за да се спасат себе си.
Камионот, откако ја прелета и спротивната лента, излезе од автопатот и се заби во дрворедот во близина. Тешкото возило ги покоси и неколку дрвја кои му се најдоа на патот, пред целосно да застане. Не е познато што се случило со возачот, односно дали ја преживеал оваа тешка сообраќајка.
Ново на Сител
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал