-->
-->
Камион со мигранти излетал од пат на улицата „Железничка“ во Куманово
-->
Камион во кој се превезувале мигранти, вчера излетал на улицата „Железничка“ во Куманово, потврди денеска МВР.
Според соопштението на полицијата, вчера во 23 часот, полициски службеници на автопатот Куманово-Табановце дале знак за запирање на товарно моторно возило „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, но возилото не застанало. Набргу потоа, според пријавеното, на улицата „Железничка“, пред село Черкезе, кумановско, возилото излетало од патот.
При преглед на возилото биле пронајдени 81 лице – мигранти од Авганистан, Индија, Бангладеш и Пакистан. Мигрантите биле привремено сместени во Транзитниот центар Табановце. Полицијата работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори