Камион се преврте кај Окучани: Четворица загинаа, а 17 лица се пренесени во болница
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 3.00 часот на автопатот кај Окучани загинаа четири лица.
Во несреќата се повредени неколку лица. Полицијата утврдила дека се превртел камион со регистарски таблички од Србија, станува збор за мигранти, пишува Индекс.хр.
Сообраќајот е привремено прекинат, најпрво на северната, а потоа и на јужната лента од автопатот, поради можноста за приоѓање на возилата за итни случаи и укажување помош на повредените, кои се сместени во болниците во Нова Градишка, Славонски Брод и Пакрац.
Во тек е истрага во соработка за утврдување на фактите и околностите под кои се случила несреќата и идентитетот на жртвите и повредените, кои според првите информации биле во товарниот дел на камионот, трактор со приколка.
„Она што можеме да го кажеме во овој момент е дека во несреќата која се случи утринава учествувале група возила – трактор МАН со полуприколка со српски регистарски таблички, управуван од државјанин на Република Србија роден во 1978 година, Во несреќата загинаа четири неидентификувани лица, додека 17, исто така неидентификувани лица, беа сериозно повредени и тие се згрижени во болниците во Славонски Брод, Нова Градишка и Пакрац“ – рече државниот адвокат Давор Смолјан, кој во оваа пригода ниту ги потврди ниту ги демантираше тврдењата дека меѓу повредените и загинатите има мигранти, објави „Јутарњи лист“.
Сите 17 повредени се згрижени во болниците во Славонски Брод, Нова Градишка и Пакрац, а „Јутарњи“ наведува дека во болницата во Нова Градишка има вкупно 11 лица.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
