Камион навлегол во лентата на превртениот бугарски автобус, тврди возачот

Камион што навлегол во спротивна лента, бил причина за сообраќајната несреќа на автобусот со бугарски граѓани во Македонија, што се случи вечерта на 2-ри овој месец, вели возачот на автобусот Љубомир Лазаров од дупничкото село Слатино, пренесуваат медиумите во Бугарија.
Лазаров го управувал автобусот на фирмата „Мегатранс“ што се преврте на патот помеѓу Ранковце и Крива Паланка, при што од 43 патници, беа повредени 26, од кои пет потешко.
- Тоа е тесен пат. Забележав камион како доаѓа директно во мојата страна. Имав чувство дека се разминувам со него на растојание од една педа. Инстинктивно свртев десно. Во тој момент задната страна на автобусот пропадна во ендек. Се обидов повторно да го вратам на лентата, но автобусот тргна надолу, раскажува Лазаров.
Откако изгубил контрола автобусот се превртел покрај патот. Возачот е категоричен дека автобусот бил исправен и оти добро го знаел патот затоа што го поминал стотици пати.
Автобусот поминал технички преглед во октомври минатата година, а возачот ги поминал редовните потребни прегледи. Инспекторите почнале проверка по инцидентот за да утврдат дали ги има сите потребни документи.
Од фирмата на превозникот тврдат дека возачот одмарал 48 часа пред патувањето кон Македонија. Автобусот бил произведен во 1998 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
