Камиловски: Раскинете го договорот со човек фирма
Јавното здравство тоне во скандали. Наместо животот и здравјето на пациентите како и подобрување на условите на работа на докторите и медицинскиот персонал, сомнителните бизнис зделки станаа главна реформа на оваа влада, министерот за здравство и СДСМ, обвини Виктор Камиловски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и животот на граѓаните е и најновиот тендер во здравство. Какви референци има компанија регистрирана само пред неколку месеци или колку искуство има актуелната компанијата? Еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и животот на граѓаните е и најновиот тендер во здравство. Власта со овој тендер покажа дека здравјето и животите на нејзините граѓани се помалку важни од 35 милиони евра пари со кои треба да се одолжат мега донаторите на СДСM – вели Камиловски.
Тој додаде дека никаде во светот не може компанија формирана пред неколку месеци со капитал од само 5.000 евра според тековната состојба на Централен регистар да добие тендер вреден 100.000 евра а да не зборуваме фантастични 35 милиони евра, посебно во секторот здравство каде битка водат огромни фармацевски компании.
Според него, индикативно е, зошто е сменет член 17 од договорот со кој доколку не се испорачува од фирмата која ќе го добие тендерот Министерството за здравство слушнете треба да плати оштета од 5 мил евра, нешто што досега не постоело во праксата ниту во тендерските услови.
– Го прашуваме Министерството за здравство во што се состои заштедата на ова транспарентно коруптивна зделка што спектакуларно ја најавуваше министерот Филипче ако се знае дека пазарните цени на реагенси се 2 до 3 пати поевтини од понудените на тендерот. Бараме овој тендер да се прекине и министерството за здравство да се откаже од овој скап, сомнителен, но пред се штетен проект.
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта и министерот за здравство итно да го раскинат договорот со човек фирма! Доколку оваа набавка не биде раскината ВМРО-ДПМНЕ целата постапка ќе ја претстави пред меѓународните институции и ЕУ како најбрутален школски пример за кражба на народни пари по цена на здравјето и животите на граѓаните и пациентите во Република Македонија – рече Камиловски.
.
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат