Македонија
4. October 2021 - 8:29

Камиказа и Бени трчаа на скопскиот маратон | ФОТО

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица и басист на Меморија, Петар Георгиевски – Камиказа и кандидатот за градоначалник на Скопје од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП и пејач, Бени Шаќири трчаа на вчерашниот скопски маратон.

Тие заедничката фотографија ја објавија на социјалните мрежи.

„Стари борци, спремни за секоја трка! #madeinskopje“, стои во описот а фотографијата.