Камерон и Туск не постигнаа согласност за нацрт договорот меѓу Британија и ЕУ
Британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск не успеаја синоќа да се согласат за нацртот на договорот меѓу Лондон и Брисел, околу новите односи на Британија и ЕУ.
По средбата и работната вечера во Даунинг стрит 10, во Лондон, Камерон и Туск потврдија дека „се уште нема согласност“ за договорот.
Постоше надеж дека по средбата Камерон-Туск, некаков предлог-договор би можел да им биде понуден на другите европски лидери, уште во текот на денешниот ден, за да може тие да се изјаснат за него до следниот Самит на ЕУ, на 18 и на 19 февруари.
Во Лондон се верува дека доколку до тој датум се постигне договор за британските барања за реформирање на ЕУ, премиерот Камерон би можел референдумот за останување или за напуштање на Унијата да го организира уште во текот на оваа, а не до крајот на идната година.
По синоќешните разговори, Камерон напиша на Твитер дека разговорите со Туск, сепак, биле „продуктивни“ како и дека претседателот на Европскиот совет се согласил за уште една средба, во следните 24 часа.
Лондонските медиуми откриваат дека тимот соработници на Туск кои допатувале со него во Лондон, останале во британскиот главен град преку ноќта, во нов обид за изнаоѓање компромис околу документот.
По истекот на рокот од 24 часови, ЕУ би можела да каже дали е постигнта согласност и дали она што е договорено може да се стави на масата како нацрт-договор.
Камерон инсистира мигрантите од земјите на ЕУ, дојдени во Велика Британија да работат и живеат, да не може да бараат социјални бенифиции во првите четири години.
Лондон верува дека со една ваква мерка ќе се намали напливот на имигранти од Унијата.
Во сегашната фаза од преговорите, Камерон инсистира предложениот проект на Брисел за „сопирачка во вонредни услови“ кога станува збор за мигрантите, да стапи во сила веднаш, по британскиот референдум, за да се уверат (евроскептичните) Британци во ефикасноста на европските механизми.
Во ЕУ предлогот е предвиден рок од три месеци и инсистира на тоа „сопирачките за вонредни ситуации“ да се активираат доколку Велика Британија докаже дека нејзините социјални фондови се исцрпени.
Според британските медиуми, другите три прашања што Лондон ги стави за преговарање, бараат уште работа и усогласување, пред да може да се стават на увид на лидерите на ЕУ.
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции