Камерон: Долг пат до компромис
Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека предлогот на ЕУ „не е доволно добар“ и оти е потребно повеќе работа за двете страни да постигнат договор за редефинирање на односите меѓу Британија и ЕУ.
- Сакаме да ја окончаме идејата нешто за ништо. Луѓето рекоа дека тоа е невозможно, сега постои предлог на маса. Тој не е доволно добар, потребно е повеќе работа, но има подобрување, изјави Камерон за Би-Би-Си.
Британскиот премиер се залага за воведување на „итен прекин“ на миграцијата кој ќе и овозможи на Британија, а и на другите членки, да го намалат бројот на вработувања во ЕУ.
Камерон, кој разговараше со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, се надева дека следниот месец ќе биде постигнат договор кој ќе го трасира патот за референдумот за останокот на Велика Британија во ЕУ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има