Камчев како сведок даде исказ пред Рускоска

Бизнисменот Јордан Камчев, кој обвини дека бил рекетиран од Бојан Јовановски -Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, по што Обвинителството го отвори случајот „Рекет“ денеска даде исказ како сведок пред обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство.
Камчев ги обвини Боки 13 и Кичеец дека го рекетирале, односно му ветувале укинување на мерката притвор, на патната исправа, но и комплетно запирање на сите активности на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поврзани со предметот „Империја“ во кој тој е осомничен. Потврда дека ќе биде ослободен дала и Јанева, според разговорите објавени на веб сајтот на италијанскиот весник „Ла верита“ на кои се слушаше како му вели на Камчев дека „се ќе биде во ред“.
Јанева беше повикана на распит, а наредниот ден притворена. Од нејзиниот дом беше изнесен мебел, вреден околу 5.000 евра, за којшто таа е осомничена дека го примила како подарок. Триесет дневен притвор претходно им беше одреден и на Боки 13 и Кичеец. Во моментов сите тројца се наоѓаат во „Шутка“.
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
