Македонија
27. December 2018 - 19:02

Камчев и Панделески во домашен притвор

Куќен притвор за Орце Камчев и Цветан Панделески обвинети во случајот Империја.. Кривичниот совет на Апелациониот суд денеска на затворена седница одлучил да им го укине затворскиот притвор.. Претходно, специјалното јавно обвинителство испрати позитивно мислење до Апелација за барањата на Камчев и Панделески за укинување на мерката, за што понудија и парични гаранции..  

Засега СЈО нема дадено мислење по барањето за укинување на притворот на Сашо Мијалков.. Тој неодамна понуди 1 милион евра како гаранција дека нема да ја напушти државата.. Каква мерка ќе одреди судијата на претходна постапка во Кривичниот суд, ќе зависи од мислењето на СЈО, вели адвокатот на Мијалков..

Од СЈО велат дека позитивните мислења по барањата на обвинетите во Империја се резултат на прибавените материјални докази за случајот..

„За причините, во интерес на истрагата не можеме да дадеме дополнителни информации, но може да се нагласи дека во случајот „Империја“ најважни се материјалните докази и во оваа фаза успешно се прибавени“, велат од СЈО за МИА..

Инаку освен за обвинетите  во предметот Империја, СЈО дало позитивни мислења и за жалбите на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.. Двајцата предложија гаранции во имот за укинување на притворот.. Во текот на утрешниот ден се очекува Апелациониот суд да одлучи со какви мерки ќе им биде заменет затворскиот притвор одреден пред месец и пол за предметот Титаник..