-->
-->
Калиманци со 55 милиони метри кубни вода, дистрибуира на двата канала
-->

Акумулацијата Калиманци располага со 55 милиони метри кубни вода и според планот за наводнување се испорачува до крајните корисници на двата магистрални канала.
Како што информира подружницата на ЈП „Водостопанство“, во десниот магистрален канал се испорачуваа 9,5 метри кубни во секунда, а во левиот четири метри кубни.
Состојбата со снабдување со вода во „Хидрауличка целина“ - Свети Николе е нормализирана. Дистрибуцијата се врши според потребите на водокорисниците и временските услови, согласно динамиката и планот за испорака.
Според „Водостопанство“, секојдневно се следи состојбата со високите температури на терен, а вода се испорачува согласно потребите и нарачките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
