-->
-->
Калифорнија, Оклахома и Небраска гласаа за поддршка на смртната казна
-->
Избирачите во американските сојузни држави Калифорнија, Оклахома и Небраска гласаа за поддршка на смртната казна, пренесе ДПА.
Избирачите во Калифорнија го отфрлија предлогот за укинување на егзекуциите во оваа држава и замена на смртната казна со максимална казна доживотен затвор.
Во Оклахома се гласаше за заострување на законодавството за смртната казна.
Во Небраска, пак, се изгласа враќање на егзекуциите, откако избирачите го повлекоа законот од 2015 година со кој тие беа укинати.
Во САД има над 2.900 лица, кои очекуваат извршување на нивните смртни казни.
Според „Амнести интернешенел“ земјата се наоѓа на петото место во светот според бројот на егзекуции, извршени во 2015 година, а пред неа се само Саудиска Арабија, Пакистан, Иран и Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија