Калифорнија ја престигна Франција како шеста најголема економија
Калифорнија ја престигна Франција како шеста најголема економија во светот, благодарение на силниот економски раст и јакнење на американскиот долар спрема други валути, се вели со официјални податоци.
Најнаселената американска сојузна држава со БДП од 2.500 милијарди долари ја претекна Франција и Бразил кој е погоден од рецесија, наведуваат американски медиуми.
– Тоа е резултат како на добриот економски раст на Калифорнија така и на движењето на курсот на американскиот долар спрема други валути, изјави Ирена Асмундсон, главен економист во Министерството за финансии на Калифорнија.
Економијата на Калифорнија лани е зголемена за 4,1 отсто во споредба со целокупниот раст на САД од 2,4 отсто и 1,1 отсто во Франција.
Според графиконот на калифорниското Министерство, САД се најголема светска економија, на второ место е Кина и на трето – Јапонија. Четврта е Германија, петта Велика Британија.
Во Калифорнија лани беа отворени најголем број работни места во САД. Седиштето на четири од десет најголеми американски компании се во Калифорнија меѓу кои Алфабет и Фејсбук. Гувернерот на Калифорнија Џери Браун (78) ја води таа американска држава низ економско опоравување од 2011 година кога ја презеде функцијата. Успеа да избегне фискална криза и констатен дефицит и да бележи буџетски суфицити.
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин