Калемење на диворастечки круши во Демирхисарско
Општина Демир Хисар и средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ од Битола во соработка со средните земјоделски училишта од Ресен и Прилеп, денеска во демирхисарското село Журче спроведоа акција на калемење на диворастечки круши.
Градоначалникот на општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски информира дека во акцијата се вклучија 80 ученици, наставници и други стручни лица кои калемеа во атарот на селото Журче, во непосредна близина на манастирот „Св.Атанасиј“ каде се регистрирани најголем број стебла со диворастечка круша.
- Со оваа акција очекуваме да се зголеми искористеноста на диворастечката флора, зголемување на квалитетните и еколошки здрави плодови од нашево поднебје и продолжување на народната традиција како што е калемењето. Крушата е овошје кое недостасува на трпезите и на овој начин ќе се надоместува овој недостиг, а можеби и ќе го предизвика локалното население да се посвети на нов бизнис, посочи Блажевски.
Во акцијата во којашто како своевидна „претходница“ покрај учениците и жители на селото Журче, учествуваа и искусни повозрастни калемари од Демир Хисар и соседните општини, беа калемени околу 1.000 дивоизраснати стебла од круша кои беа калемени со познати плодородни и висококвалитетни сорти од типот „Кантарка“, Санта Марија“, „Велјановка“, „Клатовка“, „Цариградско акче“ и други.
Ново на Сител
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка
-
Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар
-
Претрес во Карпош, уапсен 18-годишен дилер
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните