Калас во Израел: Страдањето мора да заврши во Појасот Газа

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, синоќа по пристигнувањето во Израел изјави дека страдањето мора да заврши во Појасот Газа.
Каја Калас рече дека ќе бара „итно враќање“ на договорот за прекин на огнот за да се запре „уништувањето на Појасот Газа“.
-Израелската воена офанзива предизвика страшна загуба на животи. Сѐ додека оваа војна продолжува, двете страни ќе губат. Израел има право да се брани, но мора да ги почитува цивилните животи и хуманитарното право. Заканите за анексија на делови од Појасот Газа се неприфатливи, додаде таа.
Високата претставничка на ЕУ рече дека во разговорите со израелските и палестинските претставници ќе ја нагласи потребата од итни преговори.
-Сите заложници мора веднаш да бидат ослободени. Страдањето мора да заврши. Уништувањето на Газа само ја поттикнува радикализацијата, додаде таа.
Таа денеска во Израел ќе се сретне со претседателот Исак Херцог, министерот за надворешни работи Гидеон Сар и лидерот на опозицијата Јаир Лапид.
Од палестинска страна Каја Калас ќе разговара со претседателот Махмуд Абас и премиерот Мухамед Мустафа.
Односите со Израел длабоко ги поделија земјите на ЕУ од почетокот на војната во Појасот Газа. Некои го нагласуваат правото на Израел да се брани, додека други инсистираат на прекин на борбите и правото на Палестинците на државност.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
-

Финансиска полиција откри милионско затајување кај скопска фирма без специјализирана дејност
-

Годишен извештај на Ало Бушавко за 2025-та година: 19 деца сакале да се самоубијат или имале самоубиствени мисли
