Какво време не чека до крајот на март, рана пролет или задоцнета зима?

Оваа работна недела нема да донесе поголеми проблеми когa е временската состојба во прашање. Не се очекуваат врнежи чии количини би биле проблем во однос на влошување на хидролошката состојба.
Вторник ќе биде облачен ден, со врнежи претежно во планинските региони низ земјава. Слаб дожд на пониските места се очекува локално во западниот крај. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Среда, претежно облачна, се очекува снег само на планините. На пониските места претежно облачно.
Во четврток облачноста постепено ќе се намалува. Се очекуваат сончеви периоди, додека во петок очекуваме претежно ведро време.
Утринските вредности на температурата овие денови на пониските места ќе остане позитивна.
Деновите се до петок ќе бидат релативно свежи. Максималната температура низ котлините во западниот и северниот крај генерално ќе има вредности помеѓу 9°С и 12°С, а на југоисток околу 14°С. Петок ќе биде за околу 2°С до 3°С потопол во однос на претходите денови.
До крајот на месецот се најавува слично време со повремени врнежи и облачност. Температурите нема да бележат големи промени.

Ново на Сител
-

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција
-

Мицкоски: Фокусиран сум на работа и проекти за доброто на граѓаните, политичите калкулации и ги оставам на опозицијата
-

Нови научни сознанија за поврзаноста на канабисот со кортизолот и стресот
-

Гоце Тодоровски ќе биде погребан денеска
-

Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи
-

Анкета: Само една третина од Американците ја поддржуваат војната со Иран
-

Уапсен 19-годишниот Македонец кој се бараше за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан
-

Трамп во Белата куќа ќе ги прими Нетанјаху и Зеленски
