-->
-->
Каква ќе биде новата цена на горивата во Македонија?
-->
Регулаторната Комисија за енергетика минатиот понеделник ги објави новите цени на горивата во Македонија. Според последната одлука, бензините поскапеа за 2,5 денари, додека цената на Дизелот стана повисока за 1,5 денари.
ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 60,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 62,5 денари по литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ е 45 денари за еден литар.
Според последните промени, нафтата поевтини во четвртокот и го прекина подемот, забележан во претходната сесија. Очекувањата дека презаситеноста на пазарот наскоро нема да биде надмината, како и поскапувањето на доларот, го влошија размислувањето, посочува „WBPonline“.
Во 9:30 часот американската лесна сурова нафта WTI се тргуваше со 1,23% пад до 37,85 долари за барел, а европскиот репер Брент поевтини со 1% до 39,65 долари за барел.
Овие цени и натаму се повисоки од просечните врз основа на кои Регулатораната комисија за енергетика минатиот понеделник ги формираше малопродажните цени.
Оттука, за очекување е од вторник во Македонија да следи ново покачување на цените на бензините и дизелот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
-
Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон
-
Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче
-
Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, ќе се расправа за минималната плата