Македонија
24. July 2022 - 16:57
Каква храна препорачуваат лекарите за температури над 40 степени
Температурите над 40 степени го претворија Скопје во фатаморгана.
На улица денеска се само тие кои мораат. Жешкиот воздух и силното сонце си го направија своето. Препораките на лекарите се ако веќе морате да излезете, носете соодветна облека, пијте многу вода и внимавајте на исхраната.
Докторите препорачуваат и внесување на минерали но, најдобро органски.
Според прогнозите на Управата за Хидрометеоролошки работи, веќе наредната недела можно е благо намалување на температурите. Но, УВ индексот и натаму ќе остане висок.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->