Каква е состојбата на мајката и 6- годишното дете?
Шестгодишното момче кое утринава мајката го фрлила од 4-ти кат е хоспитализирано на КАРИЛ.
Според нашите информации, со возило на Брза помош во клинички биле донесени во многу тешка состојба и детето и мајката која исто така се обидела да си го одземе животот со скокање од 4-ти кат.
И двајцата биле реанимирани и се хоспитализирани на КАРИЛ.
Во еден момент според кажувањето на еден од соседите, жената го фрлила детето, а жиците за алишта на подолните катови и соседите кои биле сведоци на ужасот притрчале и го ублажиле падот на детето. Тоа со итна медицинска помош било префрлено во болница. „Алфа“ се обидува да добие информација за 6 г одишното дете.
Полицијата и пожарникарите се обидувале да ја отргнат од намерата жената и таа да скокне, велат соседите, а жената цело време извикувала – “ Аце кога ме тепаше никој не ми веруваше, а сакаше да ми го земе и детето“.
Ново на Сител
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Интензивно се работи на автопатот Прилеп - Битола, Бехтел и Енка бараат уште околу 400 работници
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир
-
Убиениот кај Батинци е припадник на АРМ - имал прострелни рани во градниот кош