-->
-->
Каква е моменталната состојба на Михаел Шумахер?
-->

Постои подобрување во состојбата на Формула 1 легендата Михаел Шумахер, вели неговиот менаџер Сабине Кел, откако во јавноста се појавија информации дека Шумахер тежи само 45 килограми и дека не може да оди сам.
-Секогаш имајте во предвид колку беше сериозна неговата повреда. Ќе помине долго време да ги видиме резултатите. Среќни сме за неговото опоравување, вели Кел.
Британскиот весник „Мирор“ тврди дека за медицинска грижа за Формула 1 легендата Михаел Шумахер се трошат 154.000 долари неделно, а севкупната сума стигнала до 15 милиони долари.
Според „Мирор“, грижата чини 154.000 неделно бидејќи во неговиот дом има елитен тим од 15 луѓе (сестри, доктори и терапевти) кои се грижат за него. Неговото семејство веќе го продаде неговиот омилен приватен авион и викендичката во Норвешка (која чинеше 25 милиони $).
Шумахер падна при скијање во декември 2013 година, добивајќи сериозни повреди на главата, за шест месеци подоцна да излезе од кома и да биде пренесен во неговиот дом во Швајцарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
