Бизнис
18. September 2023 - 16:44

Каков ќе биде ефектот од „Гарантирана цена“

Замрзнувањето на цените ќе даде некаков ефект, но само ако трае подолго. Важно е да се замрзнат и производствените и големопродажни цени, а не само на мало, за да не се случи недостиг на производи. Ова е генералната оценка на економистите околку владината мерка –замрзнување на цени. 

Ако во изминатиов период растот на глобалните цени на храната се пренесуваа врз нашата економија со позасилен интензитет, сведоци сме дека кога почнаа да паѓаат, тоа не се пренесе кај нас, пред се поради отпорот на трговците да ги намалат цените, покажува анализата на Фајнанс Тинк.

Професорот Јовановиќ пак, смета дека краткиот рок на траење, само до 30-ти ноември нема да има никаков ефект врз стандардот кај граѓаните. Според него, додека е на сила ограничувањето – цените стагнираат. Но, штом помине мерката, веднаш скокаат до небо. Исто така смета дека замрзнувањето нема да донесе големо намалување на цените, туку само ќе спречи тие да растат. Затоа смета дека мора да има и покачување на платите, за да се надоместат поскапувањата во изминатиот период. Покрај високите цени на храната, закана за дополнителен удар врз стандардот се и растечките цени на нафтата. 

Денеска барел нафта надмина 90 долари. Прогнозите се дека растот ќе продолжи, поради договорот на Саудиска Арабија и Русија да го ограничат произвдоството до крајот на годината.

Од утре граѓаните кај нас ќе плаќаат поскап дизел за еден денар, и Еуросупер-95 за половина денар.