Македонија
23. July 2022 - 16:48

Каков ефект би имало од референдумско изјаснување за францускиот предлог?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ инсистира на референдум против францускиот предлог, но сеуште не прецизираат како ќе гласи референдумското прашање по кое ќе се изјаснуваат граѓаните.

Бараат поддршка од Собранието да им ја прифати иницијативата и да започнат со собирање на потписи.

Но колку референдумот би дал ефект на веќе донесени одлуки? Експертската јавност поделена- едните сметаат дека референдумот ќе даде негативен ефект, ќе се зголемат тензиите меѓу граѓаните, а нема да се промени преговарачката рамка.

Според дел од аналитичарите пак, народот не бил прашан за мислење околу прифаќањето на францускиот предлог, па затоа единствено легитимно право во моментов е или референдум или предвремени избори.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави широки консултации со екперти за да се прецизира референдумското прашање и гарантираа дека нема да дозволат уставни промени кои се единствен услов да започнат официјалните преговори на Македонија со ЕУ.