Живот
23. February 2016 - 13:36

Како живеат децата на руските богаташи - Златната младина расте во невиден луксуз!

После низа слични профили, на Инстаграм се појави уште еден кој открива како живеат децата на руските олигарси, а не е тешко да се сфати зошто толку брзо станаа Интернет сензација.
 
На профилот можат да се најдат фотографии на кои децата се опкружени со луксузни автомобили, приватни авиони, скапи јахти и светски познати личности.
 
Синовите обично сакаат да се погалат со своите возни паркови и часовници, додека девојките сакаат да ги покажуваат своите (најчесто пластична хирургија или фотошоп) тела покрај базен или песочни плажи на далечни дестинации.