Како ве следи Фејсбук дури и кога не го користите?
И кога апликацијата на Фејсбук ти е целосно изгасена на мобилниот, речиси сите други апликации на мобилниот и веб-страни што ги посетуваш, му вршат пренос на Фејсбук што ти правиш во моментот. Па така Фејсбук знае која апликација си ја вклучил, и на која веб страна си сурфал. Затоа кога ќе отидеш на АлиЕкспрес и ќе побараш некој додаток за шрафилицата, потоа Фејсбук ќе те преплави со реклами од бургии и додатоци за шрафилица.
Сета оваа не-Фејсбук активност што Фејсбук ја генерира за подобро да те продаде за реклами од сега е достапна во „Off-Facebook Activity“ на твојот Фејсбук профил. Алатката ги опфаќа последните 180 денови од твојата не-Фејсбук активност што тој ја има за тебе.
Иако алатката нуди копче „Clear history“, тоа не функционира на ист начин на кој функционира, на пример, чистењето на твојата историја во браусерот, па и понатаму нема начин да ја ресетираш целата твоја досегашна врска со Фејсбук. Бришењето повеќе е во смисла дека тие податоци нема да го користи за таргетирање, а не дека тие податоци ќе бидат збришани од серверите на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот