Технологија
23. April 2016 - 13:58

Како технологите ги тераат фирмите да бидат подобри глобални граѓани

Би-Би-Си - Лондон

Слатки бебиња на животни замачкани со нафта и исфрлени на плажите; пензионери паднати во сиромаштија; „дизелгејт“. Што имаат заедничко овие три нешта?

Пред да избијат скандалите, трите засегнати корпорации - Бритиш петрол (БП), Енрон и Фолксваген - беа сметани за меѓу најодговорните врвни светски компании заради нивната корпоративна социјална одговорност (КСО).

Како резултат на корпоративните скандали како овие, кредибилноста на КСО - кога фирмите даваат доборволно нешто за возврат во локалните заедници - стана предмет на сомневања.

Критичарите КСО ја отфрлаат како начин на просветлување над корпоративната злобност - чиста ПР работна вежба.

Но сега технологиите ги тераат компаниите да ја подигнат нивната игра и да работат заедно со заедниците, подиректно и поефикасно.

Нема каде да се сокрие

Платформите како Критична маса со сигурност и дадоа забрзување на идејата за филантропијата која ја поддржуваат масите, во привлекувањето на индивидуи и корпоративни спонзори за нивните проекти, без разлика дали е тоа за спасување на лешинарите во Кенија или доведување на соларна енергија во руралните заедници во Западна Африка.

Спонзорите можат да понудат финансирање, волонтирање, експертиза и маркетинг. Па така наместо изложување на корпоративните идеи на „правење толку добрини“ во заедниците во манир на патронизирање, сега фирмите едноставно можат да одговорат на барањата.

ХелпфулПипс ја внесе својата волонтаристичка платформа во повеќе од 40 земји низ светот, заради поврзување на луѓето кои сакаат да го споделат своето време, знаење и вештини едни со други, бесплатно. Во Велика Британија, онлајн платформата Соседно (Нејбурли) поврзува проекти и добротворства во заедниците со компании и луѓе кои се вољни да волонтираат со своите ресурси. На пример, Старбакс вети 2.500 денови да волунтара и досега поткрепи 70 општински проекти.

Основачот на оваа платформа, Ник Дејвис, вели дека постојат вредности од успехот да се поттикнат тимови да волонтираат. Прво, луѓето кои волонтираат се посреќни на работа; второ, постои комерцијален момент во тоа: „Многу е лесно да се потврди дека бизнисите ја прават вистинската работа се исто така успешни“.

Дејвис верува дека влеговме во доба на интернет транспарентност во која конзументите почнуваат да ги пумпаат своите мускули и очекуваат и компаниите да го прават истото - не само да бидат видени дека ја прават вистинската работа.

Судењето според силниот апетит на јавноста за поддршка на добрите каузи и водњето кампањи против неправдата на веб страните како Change.org. Avaaz.org, JustGiving.org и GoFundMe, излегува дека успесите се оние вистинските.

И од LinkedIN велат дека милиони нивни членови веќе дале знак на нивните профили дека сакаат да учествуваат во непрофитни одбори или да ги искористат нивните .вештини за да волонтираат.

Справување со гладта

Свесен за оваа силна основа за поттикнување на добрата воља, Дејвис ја основал Нејбурли пред 19 месеци како начин да им помогне на компаниите да се спојат со локалните конзументи.

Во еден од проектите на платформата е вклучен и трговскиот ланец Маркс енд Спенсер за да ја дистрибуираат вишокот храна до оние на кои им е најпотребна.

Со справување со проблемот на локално ниво, Нејбурли веќе поврзал 100 продавници на Маркс енд Спенсер и планира целата мрежа на овој трговец да биде активна до крајот на 2016, вели Дејвис.

-Веќе доставивме 40 тони храна или 56.000 оборци, вели тој. „До крајот на годинава сигурно ќе дистрибуираме и милион оброци со помош на технологиите, и тоа само преку Маркс енд Спенсер“.

Технологиите исто се користат за унапредување на правата на жените во земјите во развој со иницијативите како Самасоурс.

Оваа непрофитна организација им дава комјутерски проекти со податоци на жени во области каде радиционалната улога на половите може да ги спречи во остварувањето на нинвите кариери.

Од 2008 година, Самасоурс обучила и ангажирала повеќе од 3,000 жени преку проекти со податоци со компании, како Гети имиџис, ДропБокс, Мајкрософт и ТрипАдвајзор во земји, меѓу кои и Хаити, Гана, Уганда, Кенија и Индија.

Размена на искуства

Посебно технолошките компании нудат експертиза и вештини за добрите каузи како начин да се создадат мерливи прогреси.

На пример, во јануари Мајкрософт најави дека преку нивната организација Мајкрософт филантропис ќе донира клауд комјутерски ресурси вредни една милијарда долари за да ги користат непрофитни и универзитетски истражувачи во следните три години.

Претседателот на Мајкрософт и прв правник Бред Смит, рече: „Посветени сме да им помагаме на непрофитни организации и универзитетски истражувачи да ги користат клауд услугите за справување со фундаменталните предизвици на човекот“. А специјалистите за аналитика на податоци Аплајд предиктив текнолоџис (АПТ) ги понуди своите ресурси за анализа на податоци за да им помогне на хуманитарната организација Капитал ариа фуд бенк да ја дистрибуира храната поефикасно до гладните луѓе од областа околу Вашингтон.

АПТ користеле податоци за да развие „врела мапа за гладта“ за да им помогне на КАФБ да најдат ресурси и подобро да ја планира побарувачката.

Во еден друг проект АПТ и помогна на програмата Кара - хуманитарна организација со седиште во Чикаго да овозможи обука и работни места за луѓе кои се бездомници или сиромашни - за нивните ученици да бидат поефикасно ангажирани.

Шефот на АПТ, Ентони Брус, вели: „Во копањето низ овие податоци вработените во АПТ ги користат своите аналитички вештини за да извлечат корисни информации од сите пдоатоци кои ги собираат хуманитарните организации. Овие прочистени податоци ги зајакнуваат хуманитарците ефикасно да идентификуваат која од нивните стратегии се најефикасни во остварување на нивните почитувани мисии“.

Одржливоста на новата КСО?

Стефани Дрејпер, заменик извршен директор во Форум за иднината, смета дека одржливите бизнис пракси веќе ја замениле Корпоративната социјална одговорност.

- Компаниите мора да ја гледаат одржливоста како срж на нивниот бизнис - нешто што го движи контекстот на бизнисот вели таа.

Иницијативата Целите за одржливиот развој 2015 на ОН беше успешна во поттикнувањето на бизнисите да расзмислуваат за решавањето на социјалните проблеми, смета таа.

На пример, Тојлит боард коалишн е глобална бизнис коалиција поддржана од Унилевер која за цел има справување со светските проблеми со санитацијата преку профитабилни, пазарни иницијативи кои ги користат најновите технолошки иновации.

А Лаунч, отворената платформа која заеднички ја создадоа НАСА, Најк, Агенцијата за меѓународен развој на САД, и Стејт департментот на САД со цел да обезбедат поддршка на младите фирми (стартап) и да ги „инспирираат иновациите“.

Во ова доба на интернет транспарентност, изгледа дека корпорациите повеќе нема аде да се сокријат - перењето на гревовите преку Корпоративната социјална одговорност веќе нема да ги спаси.

Технологиите помагаат да се премости јазот помеѓу оние кои имаат и оние кои немаат.