Македонија
28. January 2020 - 16:31

Како се спроведуваат воведените мерки од Град Скопје против аерозагадувањето?

Во метрополата веќе еден ден како се на сила итните мерки а ефектите речиси невидливи. Автобускиот превоз е бесплатен но бројот на патници е вообичаен како и претходно. Доказ за тоа е и градскиот метеж и бројот на возила.

Од комоцијата не се откажа ниту градската администрација, паркингот пред седиштето на градот беше речиси полн. Апелот да користат јавен превоз се однесува до сите вработени во Град Скопје, јавните претпријатија и институции.

Од вчера попладне поскапе  паркингот со цел да се демотивираат возачите.

Спротивно на мерките кои градот ги изрече, работници од јавните претпријатија  денеска работеа на скопските булевари. Со возила на јавните претпријатија вработените ги извршуваа редовните активности на булеварот АСНОМ.

Во метрополата која се прослави во светот по најзагаден воздух и денеска има високи концентрации на ПМ честички. Во Тетово престануваат да важат мерките бидејќи согласно податоците од мерните инструменти среднодневните концентрации во последните два дена биле под прагот на алармирање.