Како се препознаваат скриени камери со мобилниот телефон?
Мобилните телефони добиваат разни нови опции функции од година в година, па денес една од нив е и препознавањето скриени камери.
Како да проверите дали вашата мобилна камера може да открие инфрацрвена светлина? Со далечинскиот управувач на телевизорот. Просто, се вклучува камерата и се насочува кон предната светилка од далечинското. Притиснете некое копче на него и набљудувајте го екранот на телефонот. За да можат да снимаат при слаба или без услови на осветлување, на пр. камерите за надзор го користат инфрацрвениот спектар светлина. Човечкото око не може да го види, но камерата од телефонот – може, понекогаш.
Ако мобилниот уред може да детектира инфрацрвена светлина, таа на екранот ќе се прикаже како трајна или како испрекината светлина.
Ако пак, задната не може да го прави тоа, треба да се обидете и со предната камера.
Откривањето инфрацрвена светлина со камерата на вашиот телефон е корисно при проверување за скриена камера со „Ер-БНБ“ или друго приватно сместување, а за коешто честопати се покажува дека не е доверливо. Во такви соби, просторијата се затемнува што е можно повеќе, се пушта камерата на телефонот, Ð ° потоа следи подробно прегледување на просторот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
